“Три жени копнеат за мајчинство во Врба, филм чии сензуални слики и временски периоди со интерпретации го враќаат во сеќавањето на незаборавниот “Пред дождот“ на Милчо Манчевски кој во 1994 година е победник на Златниот лав во Венеција. Тука македонскиот режисер (сега долгогодишен Newујоркер) се враќа на своите корени, раскажувајќи стара драма низ општеството и фолклорот на неговата земја. Временската рамка скокнува од средниот век до денес, но сепак темата за мајчинството е навремена и универзална.“
Вака Холивуд Репортер ја почна својата рецензија за познатиот филм “Врба“.
“ Фасцинантен, заслепувачки…“ се зборовите на Дебра Јанг, една од најреномираните американски критичарки.
“Комплексноста на овој навидум едноставен филм е како една приказна која се влева во другата и ја осветлува на неочекувани начини. Пример за ова се споредбите на Манчевски на ритуалите, молитвите и жртвите што стерилните средновековни двојки ги изведувале за да добијат дете со модерните практитки како вештачко и ин витро оплодување: колку се слични надежта и очекувањата на идните родители, колку е непредвидлив успехот или неуспехот на лекот“.
Јанг вели дека младата Сара Климоска и Никола Ристески се “убедливи во нивните инстинктивни, нецензорирани реакции“, а прекрасното Хеловин лице на Ратка Радмановиќ која ја игра неумоливата вештерка е за кошмари“, а пак Камка Тоциновски игра со “природност до крајни граници“.