Американската актерка со српско потекло Мила Јововиќ се породи во февруари годинава со својата трета ќерка во 45-тата година од животот. Сега, по породувањето таа е во самоизолација со бебето поради прогласената пандемија од корона вирусот.
Актерката на својот инстаграм профил сподели како таа и нејзиното семејство ги поминуваат деновите со оглед на тоа дека движењето им е ограничено.
Мила гордо објави фотографија со домашните производи од својата градина и со тоа им пренесе моќна порака на сите родители.
“Ден 6 или 7 или е тоа 60 или 70 во самоизолација? Постојано врнеше откако ова лудило започна па сите сакавме да излеземе на малку сонце. Цело семејство се собравме во нашата градина да собереме некои од неверојатните производи кои сама ги посадив и сето тоа беше многу забавно. Добивме можност да научиме нешто ново на практичен начин, заедно со ќерките. Дајте им шанса на децата да видат од каде доаѓа храната и колку е забавно да гледате како расте од мало семе во подготвена вечера. Плус, дополнителна придобивка е тоа што со трчање го трошите вишокот енергија.” – напиша Мила на својот инстаграм профил.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.