Се прашувате како е можно да останете физички активни додека сте дома? Има начин како, доколку се почитуваат одредени правила, пишува Бизнис Инсајдер.
Со оглед на тоа дека вежбањето во затворЕн простор, во фитнес сала, пилатес или јога е оневозможено за почеток, сторете го тоа дома.
Пуштете видеа на интернет каде што експерти покажуваат вежби за да почнете да се загревате. Потоа, можете физичката активност да ја „преселите“ на отворено.
Можете да трчате надвор се додека нема луѓе до вас и не остварувате физички контакт. Сончевите зраци го снабдуваат телото со потребниот витамин Д, така што трчањето е одличен избор рано наутро кога нема воопшто фреквенција на луѓе.
Возењето на велосипед или ролери во тој период од денот е исто така погодно за телото. Го подобрува здравјето, а сепак не доаѓате во контакт со други луѓе. Но, сепак бидете внимателни да не се повредите бидејќи здравствените установи нема да можат да ве примат и третираат заради новите мерки и забрани, и заради ваша заштита од вирусот.
Промената на досегашната рутина можете да ја адаптирате. Доколку немате хронични заболувања, физичката активност на отворено не претставува опасност, вели Др. Ерик Андерер, неурохирург во изјава за Бизнис Инсајдер.
Не одете подалеку од вашите физички граници, односно трчајте колку што ви дозволува телото. Се над тоа, може да предизивика друга здравствена состојба која не е посакувана во моментов.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.