Природата ни дава многу плодови кои се добри за нашето здравје. Едни од нив се и гоџи бобинките.
Растат на неколку делови од светот: Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Азија и Австралија. Тие припаѓаат на семејството на компири, модри домати, обични домати и пиперки, односно на Solanaceae.
Плодовите, откако ќе се соберат на лето и во есен, се сушат или се цедат додека се свежи за сок и се концентрираат за пијалоци.
Гоџи бобинките содржат аминокиселини, минерали, германиум, витамин Е, Ц, Б комплекс, антиоксиданси, бетакаротен, бетаситостерол, протеини, масни киселини.
Помагаат за заштита на црниот дроб, подобрување на видот, намалување на холестеролот, подобрување на циркулацијата и многу други предности.
Тие се консумираат во умерени колични, бидејќи во спротивно може дојде до презаситување на организмот. Се препорачува лица со хронични заболувања како дијабет и висок крвен притисок, пред да почнат со консумација да се консултираат со лекар.