Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Најдобра мајка бев кога немав деца

49
Споделувања
163
Прегледи
Сподели на фејсбук

Сигурно и вас, како мене, ви сметаат коментарите од пријателките поврзани за вашите деца. Иако ви се блиски и ви мислат најдобро (барем поголем дел од нив) сепак не можете да останете рамнодушни кон моментот кога ќе ви кажат: „Значи не смееш да дозволиш да ти плаче во јавност, срамота е.“

Тие најдобро знаат кога детето треба да јаде, како треба да јаде, кога треба да легне за да има минимум 12 часа сон и слично.

Кога јас бев сингл и без деца, бев исто така најдобрата мајка во светот. Гледав со осуда на другите мајки кои не можеа да си ги зауздаат децата во парк или во супермаркет. Превртував со очи кога некое дете ќе задржеше ред на каса бидејќи сакаше да плати, па мајка му ќе му ги дадеше парите, па тоа обидувајќи се достигне до жената на каса ќе ги испушти на земја, ќе се наведне мајката, па настанува хаос – а сите ние нетрпеливи цупкаме во место мислејќи „Боже жено прибери го детето.“

Денес, јас сум мајката што го држи редот на каса, што му дозволува на своето дете да даде пари, што дозволува да се радува на мали моменти како овој.

Драги мои пријателки и останати дами кои во овој момент сте некаде надвор и ја судите мајката што ја влечат децата на различни страни сакајќи и чоколадо и тоалет во исто време:

Децата се живи суштества со многу енергија за трошење. Тоа што зборува гласно и сака две работи одеднаш не го прави невоспитано дете, туку само љубопитно. Ова важи и за многуте прашања кои ги поставува за сè околу него.

Тоа што му паѓа храна додека јаде е доказ дека не е робот, туку дете.

Тоа што некогаш легнува подоцна, не значи дека немало кој да го научи да легне порано. Можеби навистина не му се спие тој ден, па наместо во 9 ќе легне во 10 часот.

Тоа што во автобус морате да станете на дете кое сака да седне, не го прави него размазено, туки вас невоспитани.

Ако некое дете не сака да ви каже здраво на прво гледање, не се лутете веднаш. На децата понекогаш им треба повеќе време да се опуштат и да се дружат.

Заборавете на коментарите кои ги иритираат вашите пријатели од типот:

„Како може на мало дете да му даваш цедевита.“

„Не го оставај да става играчки во уста што паднале на земја.“

„Добро, планираш да го искараш, да му подвикнеш – ич не го караш, заради тоа е размазено.“

Не, не и не така!

Секое мислење, секој став што сте го имале пред да имате деца, ќе се смени во првиот момент кога ќе се вратите со  бебето дома.

Чао филмски семеен животе кој мислевте дека ќе го имате – здраво реалност.

Ова не значи дека животот е пекол, ова значи дека се случила промена на која што е нормално секој човек да се адаптира.

Затоа, следниот пат кога ќе превртите очи на мајка со едно, две или три деца во јавност, размислете подобро пред  да осудите – бидејќи утре вие ќе се најдете на нејзино место.

Претходен пост

Гоџи бобинките помагаат на лица кои патат од хронични заболувања

Следен пост

Вашата свадба од соништата може да биде реалност

Следен пост

Вашата свадба од соништата може да биде реалност

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.