Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ГАЛЕРИЈА: ЗАВРШИ ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ, СО НАД 1.000 МАСКИ И 10.000 ПОСЕТИТЕЛИ

Вевчани два дена наликуваше на отворена театарска сцена, над 1.000 маски, повеќе од 10.000 посетители од земјава и странство и само една порака „Среќна и бериќетна Нова година“. 

157
Прегледи
Сподели на фејсбук
„Повторно докажавме дека сме карневал кој може да се носи рамо до рамо со останатите светски карневали. Задоволство е да се видат своите жители, пријатели, семејството и посетителите на Вевчански карневал како уживаа во богатата музичка програма, но и во новитетите на овогодишниот карневал. Срцето ми е полно! Ние сме неуморни и единствени! На нашата креативност ѝ нема застој! Во името на Општина Вевчани и вевчанци сакам да ви ја честитам Новата година, да ви посакам здравје, бериќет и благосостојба. Ве чекаме и до година да ни дојдете во поголем број и со уште побројни маски“, изјави градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.

Програмата започна на 12 јануари, со спектакуларните настапи на македонските ѕвезди Влатко Лозаноски, Eye Cue, Brass Brothers и Dj Todoroff до доцна во ноќта.

Наредниот ден, на 13 јануари, почна главното дефиле на маските низ улиците на Вевчани. Можеа да се видат невестата, младоженецот и Глупи Август како ја предводат поворката од рекордниот број  маски во последните неколку години. Глупи Август со карактеристични извици и потези ги избркаа злите духови и го отвори патот за дочекот на православната Нова година на полноќ.

Вечерта македонскиот мелос ги развесели вевчанци. Дамјан Стојаноски, Татијана Стефановска и дувачкиот оркестар Веселата дружина ги дигнаа на нозе присутните и со спектакуларен огномет организиран од Општина Вевчани ја дочекаа новата година. Традиционално, како и секоја година, Вевчанскиот карневал завршува со василичарското оро и палење на маските на сретсело на двете василичарски друштва, Горна и Долна маала. Со палењето на маските вевчанци веруваат дека го избркале злото и ќе имаат среќна и бериќетна година.

Подготовките за следната година вевчанци ги почнуваат уште утре. 365 дена велат се доволни за во 24 часа да се претстават актуелните случувања во државата и светот на сатиричен начин преку упатување  силни пораки кон општеството и политичарите.

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ИЛУСТРАЦИИ ИНСПИРИРАНИ ОД НОМИНАЦИИТЕ ЗА ОСКАР НА “МЕДЕНА ЗЕМЈА”

Следен пост

ФОТОГРАФИИ ОД МЕРИЛИН МОНРО КОГА БИЛА БРЕМЕНА

Следен пост

ФОТОГРАФИИ ОД МЕРИЛИН МОНРО КОГА БИЛА БРЕМЕНА

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.