Американска актерка, пеачка, модел…таа беше се. Стана популарен секс симбол во 50тите и 60тите години испирирајќи многу жени да ги следат своите соништа и да бидат свои. За жал, таа почина на само 36 години.
Сепак, Мерилин Монро успеа да постигне многу нешта, што многу луѓе не успеале ни во текот на целиот живот.
Убавицата била фотографирана од многу фотографи, а една од најпознатите нејзини фотосесии е направена од Сем Шоу кој воедно бил близок нејзин пријател и ги фотографирал нејзините приватни и ранливи моменти.
Она што ја прави оваа фотосесија посебна е тоа што Мерилин во тоа време била бремена. Таа никогаш немала можност да го роди тоа дете, бидејќи еден месец подоцна имала спонтан абортус.
“Таа беше прекрасна без шминка и во својот дух како личност.” -така Сем ја опишал Мерилин Монро. Фотографиите се напраени на плажата Amagansett Beach во Њу Јорк, во јули 1957 година. На фотографиите таа сјае со својата природна убавина, изгледа среќно и удобно во својата кожа.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.