Фрида Кало, мексиканска уметничка, родена 1907 година,која остана запамтена како една од храбрите жени на чии дела и личност и се восхитуваме сите.
Без страв да ги искаже своите политички и сексуални ставови, без дилеми како ќе го живее својот живот, таа останува вечна инспирација чии животни лекции би требало да ги усвоиме.
Истакни го она што те прави посебна и поинаква
Фрида била препознатлива во својот изглед, образите, карминот за усни, колоритната гардероба, необичниот накит…Таа била нетипично атрактивна, единствена, посебна, поинаква.
Иако често била критикувана поради ексцентричниот изглед, Фрида во ниеден момент не се променила, порачувајќи му на светот: “Не се обидувајте да ме промените, тоа е дел од мене“.
КОЛКУ И ДА Е ТЕЖОК, ЖИВОТОТ Е ВРЕДЕН ЗА ЖИВЕЕЊЕ
Нејзиниот живот не бил ни малку лесен, имајќи во предвид дека како мала боледувала од детска парализа, па девет месеци од својот живот ги поминала во кревет и да трпи неподносливи болки. Како последица на болеста, едната нога и била пократка од другата и често била предмет на потсмев на своите врсници. Во младоста доживеала страшна сообраќајна несреќа поради која останала инвалид. Трагедијата се смета дека одиграла најголема улога во нејзината кариера и уметност.
Никогаш не се срамела од своите недостатоци или судбината, напротив, била горда, пркосна, презирајќи го покажувањето на слабост.
Фрида никогаш не плачела.
ЖИВОТОТ Е ПОУБАВ ВО БОЈА
Фрида обожавала бои. Црвена, портокалова, жолта и зелена биле главни бои на нејзините уметнички дела. Секогаш колоритно облечена, со свежо цвеќе во косата, Фрида зрачела со живот.
НИКОГАШ НЕ СЕ ИЗВИНУВАЈТЕ ЗА ОНА ШТО СТЕ
Фрида никогаш не била тивка или повлечена, не грижејќи се дали некого ќе заплаши со својата снага, став или личност. Никогаш за ништо не се извинувала. Таа едноставно, била она што е.
“Порано мислев дека сум најчудна личност на светот, но потоа помислив на тоа дека од толку луѓе, мора да постои уште некој кој се чувствува еднакво бизарно и дефектно на начинот на кој јас се чувствувам. Тогаш почнувам да замислувам, мислејќи дека и таа личност ме замислува мене. Се надевам, ако си таму некаде и го читаш сега ова, да знаеш дека е вистина дека сум овде и дека сум исто чудна како и ти“.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.