“Бунтовниците и антикомформистите се најчесто пионери и креатори на промените“.- Индира Ганди
Гламурозен и силен во исто време, мажот CoSTUME NATIONAL е човек кој со својата јака и дива енергија има позитивен став кон новите предизвици. Новиот каубоец, модерен и урбан, спортски и лежерен, одново го осмислува својот стил со минимизирање на формалностите, без страв и несигурност.
Free d’Homme припаѓа на фамилијата на амбер ориентални мириси, композицијата ја сочинуваат лимон и мексиканска лимета, цвет шафран, дрвенести ноти, цистус и темјан. Креаторот на мирисот е JULIEN RASQUINET, кој меѓу останатото е познат и по своите креации за брендот Amouage.