Талентираната Маја Топчагиќ е млада фотографка, родена во Босна и Херцеговина. Има диплома по математика и компјутерски науки, но се занимава со фотографија.
Топчагиќ речиси две години работела на фото-проект кој ги прикажува црвенокосите како вистински божици, пегави и со долги коси. Девојките кои ги фотографира, најчесто ги наоѓа во Сараево. Била инспирирана од фактот дека само процент до два од светското население го има генот кој го носат црвенокосите луѓе. Нејзините девојки изгледаат како да се излезени од бајките, а архивата со портерти на девојки со црвена коса и лице со пеги секојдневно расте.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот