Ета Џејмс е името кое никогаш нема да се заборави низ годините што доаѓаат. Таа беше една од најпрепознатливите гласови на сите времиња кога зборуваме за светската музичка сцена.
Нејзиното вистинско име е Џејмсета Хокинс. Се родила во 1938 година, во Лос Анџелес и започнала да пее уште од нејзини пет години. Во нејзината плодна кариера има освоено четири Греми награди и ќе остане запаметена по нејзините фантастични изведби на џез, блуз, соул, аренби и госпел музика.
Кога говориме за Ета Џејмс, не може, а да не се спомене нејзината најпозната песна At Last, која во 1941 година ја напишаа Мек Гордон и Хери Ворен.
Како еден од најдобрите гласови на светот, Ета го заслужи и своето место во Куќата на славните на рокенролот во 1993 година, а осум години подоцна и во Куќата на славните блуз изведувачи. Нејзиниот магичен глас згасна во 2012 година, по едногодишна борба со леукемијата.
За волшебно петочно попладне, се потсетуваме на најдоброто од Ета Џејмс…
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот