Веројатно, во одреден период од животот, многумина од нас, не си го сакале името. Но, дали би го промениле името за цел живот?
Можеби немате некоја очигледна причина за тоа, но постојат луѓе кои имаат причина да го менуваат своето име. И како што бидува, менувањето на вистинското име во друго е највообичена работа за сите оние познати фаци кои ги гледаме на телевизиите и големото платно, актери и актерки, пејачи и пејачки.
Си одбираат уметничко име кое звучи многу подобро од нивното вистинско име. Добро, сите знаеме дека Мерлин Монро всушност е Норма Џин, дека Мадона е Луиза Чичоне, а пак Боно, всушност е Пол Хјусн…
Но, одбравме неколку познати ликови кои ги промениле имињата, ликови за кои никогаш не би помсилиле дека името кое го носат се разликува од она кое им е дадено при раѓањето.
Па така, на пример, Вин Дизел е Марк Винсент, Боб Дилан е Роберт Зимерман, Џоди Фостер е Алиша Кристиен, Деми Мур е Деметриа Гунс, Стинг е Гордон Самнер, Квин Латифа е Дана Овенс, Џон Вејн е Марион Морисон, а Чак Норис е Карлос Реј.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот