Сте размислувале ли некогаш како би изгледал вашиот дом во сина боја?
Поминувајќи повеќе време дома изминатиот период не наведе на размислување и нови идеи за декорација на домот. Она што сега го знаеме е дека боите имаат огромна улога при реновирањето и топлите бои се она што ни е многу потребно во моментов.
Доколку сте расположени и би сакале да експериментирате, предлагаме да поиграте со сината боја, а ние одбравме за вас неколку примери кои може да ги искористите за инспирација.