Кој не би ја посакал во својот дом?
Замислете, барска витрина која покрај тоа што изгледа извонредно, е и преполна со најразлични егзотични пијалоци од целиот свет?
Најлуксузната барска витрина во светот е изработена од Тимори Олтон, кој е познат по луксузно креиран мебел. Се работи за рачна изработка со винтиџ детали.
Доколку сакате да ја изнајмите оваа витрина, со неа доаѓа и познатитот светски бармен, Мариан Бејк, кој покрај тоа што за вас ќе ги приготви и најубавите коктели, туку и ќе ве обучи како да ги направите сами.
Луксузниот изглед доаѓа од тоа што е создадена од обработена кожа која ја задржува својата природна нијанса, темно кафена и црна. Деталите се додавани еден по еден, рачно.
Во внатрешноста се наоѓаат многу прегради за пијалоци, состојки и асесоари кои ќе ви помогнат да уживате без да се грижите дали нешто недостига.
Во неа се сместени пијалоци како 50 годишен Glenlivet Winchester Old Single Malt виски кое чини околу 24.400 долари, Domaine De La Romanee-Conti, Romanee Conti вино од 1997 година по цена од 23.183 долари и Cristal Gold Falcon Jeroboam од 2002 година со цена од 20.738 долари.
За љубителите на пури, има неколку различни колекции од кои може да одберете и по цена од 318 долари по парче.
Целиот овој пакет за уживање чини 150.000 долари, а доколку ја сакате само витрината тогаш може да ја добиете за 7.380 долари и потоа да ја наполните со она што сакате.