Преубавата Лиз со виолетови очи не само што им остави во аманет на жените од целиот свет славни, култни филмови, туку и неколку лекции за љубовта според кои треба да се води секоја жена.
Вистината е дека Елизабет Тејлор се мажеше осум пати, но, едно не може да се негира – умееше да живее и да сака. Благодарејќи му на својот дух и незаситната желба за мажи, покојната Лиз имаше таква љубовна историја за која многу жени можат само да сонуваат.
Ова се деветте работи за љубовта кои ги научивме од Елизабет Тејлор.
- Играј по своите правила, гајле ти е за општествените
“Не ми е цел да бидам обична домаќинка. Не сум, ниту би можела некогаш тоа да бидам”, нагласила во една прилика Лиз. И имаше право. Таа беше се, само не обична. Додека нејзините врснички изигруваа жени од Степфор, Лиз си ги следеше своите амбиции во кариерата и си нижеше сопрузи во време кога разводот не беше ни приближно прифатлив како денес. Навистина беше пред своето време.
- Омажи се за оној што мисли дека си дар од Бога
Нејзиниот петти и шести сопруг Ричард Бартон во својот личен дневник за Лиз пишуваше многу поетично.
“Таа е срамежлива и духовита, не е ничија играчка, брилијантна актерка и поубава отколку што можете да замислите. Може да биде арогантна и тврдокорна, но, во исто време и блага и прекрасна. Таа ги толерира сите мои маани и пијанства, ме боли целата утроба кога сме далеку еден од друг. Таа ме љуби”
- Никогаш немој да и го украдеш мажот на другарка ти. Ако го направиш тоа, потруди се со неа да ги исправиш работите
Секој би помислил дека односот меѓу Елизабет Тејлор и Деби Рејнолдс ќе биде, во најмала рака чуден, бидејќи Еди Фишер ја остави втората поради првата, после долгогодишно пријателство на двете актерки. Меѓутоа, тие двете, останаа многу блиски се до смртта на Лиз.
“Жените ја сакаа, а мажите ја обожуваа, вклучувајќи го и мојот маж. Луѓето мислат дека сите се злопамтила, но, јас не сум”, изјави Рејнолдс по смртта на Елизабет.
- Дијамантите не се одбиваат
Тејлор, после една од бурните караници со Бартон, како подарок од него за помирувањето доби дијамантска огрлица. Па што, би било непристојно да одбие, зарем не?
- Ако не те сака, продолжи понатаму
“Кога ќе дојдат во одредени години, изгледа дека некои мажи се плашат од растење и созревање, па колку што се постари, бираат се помлади жени”, изјави Лиз во една пригода.
Лекцијата што од неа можеме да ја научиме е дека ако оној што го посакуваме мисли дека не сме доволно убави или млади за него, едноставно треба да го истераме од животот.
- Караниците се очекувани
Недоразбирањата се неизбежен дел од една врска. Тејлор и Бартон беа толку навикнати на нив, што кога резервираа соба во хотел, ја земаа и таа под нив за да не им сметаат на соседите со своите бучни препирки на кои секогаш беа подготвени.
- Немој да се скрасиш додека не го најдеш вистинскиот
“Многу сум му посветена на бракот. Затоа и се мажев осум пати”, рече таа во една прилика.
- Не ја потценувај страста
“Со мојот живот секогаш управуваше страста и тоа секогаш го признавав”, рече Елизабет. Не е ни чудо што поради слободните сцени во филмот „Клеопатра“ Ватикан ја прогласи за блудница.
- Не плачи над пропаднатата врска
Прочуениот совет кој славната актерка го даваше после секој прекин на врските, треба да им биде водилка на сите жени: “Наточи си пијачка, стави си кармин и собери се”
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот