Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Животната мистерија на Агата Кристи

62
Прегледи
Сподели на фејсбук

Агата Кристи е родена во 1890 година во Англија во добро ситуирано семејство. За време на Првата Светска Војна работела како сестра во болница, а тоа искуство подоцна ќе и помогне во оформувањето на приказните во своите книги.

Агата Кристи се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најдобро продаван автор. Таа е длабоко почитувана како мајстор на неизвесноста, заговорот и опишувањето на ликовите од повеќето од нејзините современици.

Но, иако пишувала за мистериозни работи и ги откривала во своите романи, една мистерија врзана токму за неа и ден денес останала неодгатната.

Во една студена декемвриска вечер во 1926 година, 36-годишната Кристи исчезнала од нејзиниот имот во Санингдејл, Беркшир, Велика Британија. Наводно, познатата писателка оставила порака во која вели дека заминува на одмор, но пронаоѓањето на нејзиниот автомобил упатувало на нешто посериозно. Го пронашле покрај еден каменолом, недалеку од нејзината куќа, напуштен, со отворена хауба и со вклучени светла. Внатре биле само крзненото палто на Кристи, нејзината возачка дозвола и торба со облека, но не и писателката.

bece2edd-8e15-4af7-8e19-a183e0071307

Веста за исчезнувањето на Кристи се проширила со светлосна брзина и почнала масовна потрага по неа. Повеќе од 1.000 полицајци и 15.000 волонтери го прочешлале теренот, а специјални тимови ги пребарале околните езера и реки.

До крајот на неделата, исчезнувањето на Кристи станало национална опсесија. Многумина се сомневале на сопругот на писателката, полковникот Арчи Кристи. Стариот полковник имал афера со многу помладата Ненси Нил и не се ни обидел да го скрие тоа од сопругата. На денот на исчезнувањето на Агата, таа и сопругот имале сериозна кавга откако Арчи ѝ соопштил дека сака да го помине викендот со љубовницата и наводно и побарал развод.

7417d529-f247-4ba2-abf5-8d932bde400f

На 19. декември, 1926. година Агата била препознаена како гостинка во хотелот „Стар лебед“ во Јоркшир, каде била пријавена како г-ѓа Тереза Нил од Кејптаун. Агата никогаш не го образложила нејзиното исчезнување.

Иако двајца доктори дијагностицирале дека страда од психогена фуга, мислењата за тоа кои се всушност причините за нејзиното исчезнување остануваат поделени. Едно од мислењата е дека доживеала нервен слом, предизвикан од природната склоност за депресија, претходно влошена од смртта на нејзината мајка (која се случила порано истата година) и неверството на нејзиниот сопруг.

4a49c194-91a9-4e43-8957-b2215b5ae32c

Реакцијата на јавноста во тоа време била негативна, а многу луѓе верувале дека со тоа само се обидувала да го привлече вниманието на јавноста. Други пак, шпекулираат дека се обидувала да ја натера полицијата да верува дека нејзиниот сопруг ја убил.

Нејзиното единаесет дневно криење од очите на јавноста и денес останува една од најголемите светски мистерии.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Tags: агата кристиисчезнувањемистерија
Претходен пост

Елизабет Тејлор за љубовта: 9 работи кои мораме да ги знаеме

Следен пост

Инстаграмџии: Македонски момци со најкул бради

Следен пост

Инстаграмџии: Македонски момци со најкул бради

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.