Вчера, 06.03.2024, под покровителство на МИТ Универзитетот, а во рамки на деловните настани во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, се одржа експертско предавање на тема Сајбер безбедност.
Претставникот на софтверската компанија Еликософт, Бојан Петровски, ги запозна присутните со основните ризици во сајбер просторот, како и со начините и решенијата со кои приватните и јавните организации може да се заштитат од истите.
Исто така, беше презентирано и портфолиото на Еликософт во областите на софтверски решенија и автоматизација на процеси во индустрија и градежништво, како и дигитализација на процеси во ресори на национална безбедност и други ресори од јавниот сектор.