Доколку сакате да погледнете нешто квалитетно периодов, во тој случај препораката е филмот од 2005 година, EARTHLINGS.
EARTHLINGS е документарен филм за целосната човечка зависност од животни (кои се користи како миленичиња, за храна, облека, забава и научно истражување), но го покажува и нашиот целосен недостиг на почит кон нив.
Моќен, едукативен и провокативен EARTHLINGS е досега најсеопфатниот документарен филм за врската помеѓу природата, животните и човековите економски интереси. Постојат многу филмови за правата на животните кои се значајни, но овој го надминува тоа.
Наратор е оскаровецот Жиакон Феникс, а автор на музиката е Моби.
Нудејќи детален увид во трговијата со домашни миленици, трговијата со кожа и крзно, спортската и забавната индустрија и конечно, медицинската и научната професија, за потребите на филмот EARTHLINGS се користени скриени камери и необјавени материјали за секојдневната практика на некои од најголемите индустрии во светот, кои за возврат се потпираат целосно на животните за профит.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.