Ви битолската болница “Плодност” се породи највозрасната сурогат мајка во земјава и на 51 годишна возраст на свет ги донесе своите внуци близнаци.
Нејзината ќерка не била во можност да остане бремена, бидејќи на 16 годишна возраст и била отстранета матката. Мајката веќе три години била во менопауза, но по неколку успешни терапии и бил вратен месечниот циклус со цел да и подари на својата ќерка можност да стане мајка.
Сурогатот мајка ги роди близначињата во 37-мата недела со елективен царски рез, а бременоста ја поднела лесно и без проблеми.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.