Поминаа 50 години откако музичката група ABBA се појави на европската сцена, а преку неа стигна и до светската публика. Како за сите музички ѕвезди, така и за нив светот покажуваше интерес за приватниот живот.
Anni Frid Lyngstad која денес има 73 години, своевремено живеела многу бурен живот исполнет со забави и љубовни турбуленции.На 17 годинни се омажила за музичарот Ragnar Fredikson, со кој имала една ќерка и еден син. После раѓањето на второто дете, се разделиле, а официјално се развеле 7 години подоцна, во 1970 година. После една година, почнала да живее со колегата од ABBA Beni Anderson, за кого се омажила во 1978 година, брак кој неславно ќе заврши 3 години подоцна, во 1978-та. По разводот, Аni се сели во Лондон заради љубов, а потоа решава да замине за Швајцарија. Таму ја нашла третата брачна среќа – со принцот Rojs за кого за мажи во 1992 година. 6 години подоцна, некогашна музичка ѕвезда доживува семејна трагедија, нејзината ќерка страда во сообраќајна несреќа, а една годи а подоцна нејзиниот сопруг умира од тешка болест. Од тогаш па наваму, Ani се занимава со хуманитарни активности.
Agnetha Faltskog е русокосата убавица од бендот која го украла срцето на Bjorn, колегата од бендот. За време на 4-годишниот брак, тие добиле 2 деца. Меѓутоа, набрзо после тоа пејачката се заљубила во лекар кој немал никакви доприни точки со светот на славата и музиката и се верува дека тоа причина за распад на бракот. Во текот на годините таа пробала да се оствари како соло пејач, но успехот не бил ни приближен фо оној на ABBA. По смртта на нејзините родители, таа се повлекла од музичката сцена и денес живее во Стокхолм, има 69 години.
Beni Anderson, денес има 72 години, тој е поранешниот маж на Ani Frid Lingstad . Тој целиот свој живот го посветил на музиката. По распадот на ABBA, пробал да квартетот да го претвори во дуо, но без успех. Веднаш потоа се посветил на продукција и пишување музика за филмови и големи настани, а оформил и свој бенд.После разводот со Ani и распадот на ABBA, се оженил со позната телевизиска спикерка со која има син, кој денес се бави исто така со музика.
Bjorn Ulvaeus по распадот на групата и разводот со Agneta, се оженил со Leni Kolezio, жена со која се уште е во брак. Заедно имаат 2 ќерки, а се занимава со музичко новинарство целиот свој живот. Живеат во Стокхолм. Денес, тој има 74 години и се смета за еден од најценетите музичари во Шведска.
Извор: Elle.rs
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.