Џесика Тејлор е докторка кој има свој блог наречен Victimfocus, каде што редовно ги истакнува своите ставови. Последениот натпис е за незaвисните жени и опсесијата на мажите со нив.
„Овој блог е наменет за мажи. Мажи кои имаат интерес за жени (без разлика дали се хетеросексуални или бисексуални).
Посебно за оние кои велат дека сакаат силни и независни жени, мажите кои се сметаат дека моќните и одлучни жени се привлечни.
Мажите кои пишуваат на форуми дека бараат жена која што може сама да си ги плаќа трошоците, која нема да ја искористува нивната банковна сметка, жена која има своја кариера и свој ум.
Звучи како вас? Звучи како маж кој го познавате?
Има неколку работи што треба да ги знаете пред да почнете да барате и освојувате жена која има став и знае што сака.
Ако издржите да го прочитате целиот овој текст и се уште да мислите дека вашата партнерка треба да биде силна и независна жена, тогаш сте на добар пат.
Ако пак овој блог ве прави да се чувствувате неудобно во сопствената кожа, ве прави гневни – можеби ќе сакате да размислите околу вашиот понатамошен избор, дали ќе бидете добар партнер за одлучна жена. Не ќе биде лошо да си го поставите и прашањето дали ваквата жена ви е фетиш или пак се надевате дека можете да ја контролирате.
Всушност „силните и независни жени“ не се поразлични од која било жена што ќе ја сретнете.
Независните жени немаат потреба од вас
Што треба да направите – да станете удобни со знаењето дека „силните и независни жени“ кои што ги посакувате немаат потреба од вас. Таа нема потреба од вашата заштита, нема да чека од вас да и најдете живот. Не чека да биде спасена. Не чека да добива подароци и да биде облеана со комплименти. Нема потреба да ја обезбедите финансиски.
Не, таа нема потреба од вас. Наместо тоа, таа е заинтересирана за вас.
Да посакуваш партнер е сосема поинаку од тоа да имаш потреба од партнер. Жената за која што сте заинтересирани нема потреба да биде поправена како личност, спасена, обезбедна и контролирана – ако имате потреба од тоа, во тој случај подобро да погледнете длабоко во себе и да истражите зошто имате потреба да бидете во улога на доминатор во вашите врски наместо да бидете еднакви.
Независните жени не сакаат да ве сменат ниту пак да бидат ваши бебиситерски
Ако ве привлекла жена од овој тип, не очекувајте од неа да остави сè и да биде ваша бебиситерка целиот свој живот.
Еднаквите во врската се поддржуваат меѓусебно, не се чуваат како мали деца. Вие сте возрасни мажи и треба да бидете независни исто така. Имајте свое хоби и други активности и цели во животот. Сами чистете, перете, гответе, плаќајте сметки. Сами сетете се на роденденот на сопствената мајка. Грижете се за децата, знајте каде се наоѓаат празничните декорации, водете сметка за школските и воншколските активности на вашите деца.
Жените не се тука за рехабилитација. И тоа не само независните, туку сите жене генерално – вашите девојки, мајки, пријателки, жени на пријателите. Ниту една од нив не е тука да ве рехабилитира и негува. Жените не се тука за да ги поправат мажите кои се функционираат како што треба.“
Целиот блог можете да го прочитате на на овој линк.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.