Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Донатела Версаче: Никогаш не сакав да работам со луѓе кои безусловно го сакаат мојот бренд

41
Прегледи
Сподели на фејсбук

Донатела Версаче во разговор со Мирослава Дума, за арапското изадние на Buro 24/7 открива колку нејзиниот стил е изменет, за естетиката на Версаче, како успева да го одржи брендот во модната индустрија и која е нејзината формула за успех…

Донатела е израсната во италијанско традиционално семејство заедно со постарите браќа, Џани и Санто. По завршување на средното образование се запишува на Универзитетот во Фиренца следејќи ги стапките на својот брат Џани.
Оттогаш започнува нејзиното модно патешествие…

По неколку години, Донатела станува ПР и работи маркетинг за семејниот бизнис, додека Џани е задолжен за креативниот дел, а Санто за финансиите.
Кога нејзиниот брат умира во 1997, таа се наоѓа на чело на компанијата, а нејзината прва колекција за брендот е промовирана само 3 месеци по неговата смрт. Оттогаш Донатела станува „мајка“ на италијанската мода.

Денеска, по 20 години  успешно водење на брендот, а и втората линија „Версус“ која креативно ја водат најталентираните дизајнери на денешницата, Кристофер Кане, Ентони Вакарело и Џонатан Андерсон, брендот се наоѓа на врвот на модната индустрија, а за тоа најзаслужна е Донатела Версаче.

filesТаа во интервјуто зборува за соработка со познатите ѕвезди и како одговара на нивните барања. Елтон Џон, Лени Кравиц, Бијонсе, Мадона се само неколку со кои има постојана соработка. Да не ја споменуваме и нејзината миленичка Лејди Гага, која дури и посвети и песна наречена „Донатела“.

„Кога и да треба да облекувам жена, прво се повикувам на нејзината личност, идентитет и по што е она препознатлива. Видете, постои огромна разлика помеѓу Лејди Гага и Анџелина Џоли, но и двете носат Версаче“- вели таа во интревјуто.

„Версаче жената е независна, моќна и секси, помалку и опасна“- додава Донатела во разговорот за Buro.

По 20 години водење на брендот таа признава дека и нејзиниот личен стил комплетно се променил како што се менува и трансформира брендот на Версаче.

„Денеска повеќе ја сакам едноставната – дневна мода, која треба да изгледа секси и ,паметно’ во исто време. Секогаш се трудам да создадам облека која ќе ги охрабри жените бидејќи сметам дека ако тие се чувствуваат добро во она што го носат, ќе успеат да ја постигнат секоја цел што ја имаат замислено“- вели Донатела.

files (1)
На прашањето дали компанијата би можела да се нарече семејна компанија, таа вели дека тоа е невозможно бидејќи компанијата има независен управен одбор и дека сите прашања се решават по пат на гласање.

„Независните луѓе може да одлучат што е добро, а што не. Можете да разговарате за било каков проблем и ќе бидете сигурни дека тие се искрени. Покрај тоа сите носат нови идеи и предизвици. Она што најмногу ми се допаѓа кај оваа форма на водење на компанија е тоа што луѓето немаат никаква допирна точка со модната индустрија, тие се вистински стручњаци во друга област. Никогаш не сакав да работам со луѓе кои безусловно го сакаат мојот бренд“- вели таа.

Таа вели дека тајната на нејзиниот успех е во тоа што никогаш не престанува да работи.
„Размислувањето за идеи е некој вид на навика за мене, додека информацијата е клучен концепт кој се однесува на сите аспекти на животот“ – споделува таа за арапското издание на Buro 24/7.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Tags: брендверсачедонатела версачеидентитетиинтревјумодамоден бренд
Претходен пост

Ајнштајн: „Немам некои посебни таленти. Јас сум само многу љубопитен“

Следен пост

Џулија Робертс – жената со најубава насмевка на светот

Следен пост

Џулија Робертс - жената со најубава насмевка на светот

Discussion about this post

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.