Како што се наближува пролетта, така се наближува и периодот на свадби. Тоа е време кога интензивно инвестирате во фустани за овие настани. Можеби не ви е секогаш по ваша волја, но сепак мора да се појавите.
На што треба да внимавате кога одите на свадба? На неколку едноставни правила:
-
не носете бело
-
не носете долг бел фустан
-
не носете фустан со нежни пастелни бои и чипка
Не го сакате гневот и лошите погледи на невестата, нејзините другарки и роднини, ниту пак честитките на непознатите кои ќе ве помешаат со невестата.
Од друга страна пак, ако одите во црно потрудете се да не изгледате како да сте биле на погреб. Црната боја на облека за свадбен настан треба да има свечени детали на себе и да изгледа отмено. Ако одберете да носите мини фустан, во тој случај треба да биде покриен горниот дел од телото, ако носите пак долг фустан можете да одберете некој со разголен грб со разумна должина. Коктел варијантите секогаш се добредојдени на свадби.
Доколку се уште немате идеја, во продолжение погледнете ги фустаните на познатите дизајнери, па можеби ќе добиете инспирација за изгледот на следната свадба. Ова се фустани кои ќе можете да ги носите и после свадба, така што сепак оваа шопинг иневстиција ќе биде исплатлива.
Извор: www.buro247.hr
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.