Под мотото „Заедно сме посилни“, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“. На 28-ми февруари во СЦ „Борис Трајковски“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во петчасовен музички спектал и да слушнат дел од најголемите домашни ѕвезди.
Свои концерти во иста вечер ќе имаат чаирскиот романтичар Владо Јаневски, највлијателниот хип хоп артист Слаткаристика и неговиот гостин,кралот на ромската музика- Ферус Мустафов, еден од најактуелните хип хоп и рап музичари- Сам, легендарните рокери „Елита 5“ и групата „Нокаут“ кои со својата временска машина ќе не прошетаат низ нивната 22 годишна музичка кариера. Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе започне во 20:00, а ќе трае пет часа. Картите се по цени од 150 и 200 денари и веќе се пуштени во продажба на МКТИКЕТС.
По Скопје, концертната турнеја продолжува во Прилеп и Куманово.
Бидете и вие дел од најдобриот музички мозаик!
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.