Билките се многу повеќе од зелена декорација во домот. Ви претставуваме неколку домашни билки со придобивки за вашето здравје:
ЈАСМИН
Јасминот има голем ефект врз нашето ментално здравје како резултат на хемикалијата која ја ублажува вознемиреноста и анксиозноста, ги третира промените во расположението, го подобрува квалитетот на спиењето и во поголеми количини, го подигнува имунитетот, па дури може да го зголеми и либидото.
ЗЕЛЕН ЛИЉАН
Зелените лиљани се одлични борци против формалдехид, јаглерод моноксид и други токсични материи на воздухот. Ако не сте многу по растенијата, оваа билка е одличен избор за вас бидејќи не и треба многу грижа.
СПАТИФИЛУМ
Овие растенија се одличен украс во домот затоа што во текот на летото тие имаат прекрасни бели цвеќиња, но тоа не е сè што можат да сторат. Спатифилумот е професионалец во отстранување на загадувачите на воздухот – апсорбира амонијак, формалдехид и трихлоретилен и го прави почист воздухот во затворените простории. Исто така, произведува полен и цветен мирис (внимавајте, ако имате алергии поврзани со полен).
ДРАЦЕНА
(Змијова билка)
Одлично растение за во спална соба, бидејќи е познато за подобрување на квалитетот на воздухот во затворен простор. Драцената ги отстранува сите видови токсини, вклучувајќи трихлоретилен, формалдехид, толуен, бензен и ксилен. За да го оптимизирате процесот на прочистување на воздухот, веројатно ќе ви треба повеќе од едно растение. Драцената сака индиректна сончева светлина, се смета дека е едно од најлесните растенија за чување.
РУЗМАРИН
Рузмаринот е познат како билка што ја подобрува концентрацијата и меморијата. Растението е познато и по тоа што ја ублажува мускулната болка и го подобрува имунитетот, како и циркулацијата. Како бонус, свежите лисја може да се употребат и за готвење.
Извор: brightside.me
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.