Портпаролот на Меркел, Штефен Сејберт објави дека Меркел ја донесе одлуката за карантин два дена откако лекарот што и ставал превентивна вакцина против против пневмонија, бил позитивен на тестот за COVID – 19, пишува Бизнис Инсајдер. Додека се прават дополнителни тестирања, канцеларката ќе работи од дома.
Објавата следеше откако Меркел објави нови мерки за безбедност на земјата за справување со вирусот, меѓу кои се и забраните за собирање на две или повеќе лица.
Од 22 март, Германија има регистрирано 23.921 случаи на корона вирусот и 92 смртни случаи.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.