Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Денеска се одбележува Светскиот ден на планетата Земја

284
Прегледи
Сподели на фејсбук

Денот на планетата Земја секоја година се означува на 22 април. Официјалната дата е утврдена во 1970 година во САД, а од 1992 година се означува и на светско ниво со низа активности.

Во текот на годината читаме за бројки на загаденост и истребување на животински видови кои не плашат, а наша обврска е да се намалуваат бројките од година во година.

Гејлорд Нелсон, сенатор од Висконсин, го основал Денот на планетата Земја во 1970 година за да ја подигне јавната свест за загриженоста во животната средина, како што се загадувањето, излевањето на нафта и изумирачките животни видови. 

Неколку факти за состојбата и настанокот на Денот на планетата Земја:

  • 22 април беше избран за датум за Денот на планетата Земја затоа што се наоѓа меѓу пролетниот распуст и завршните испити, па така студентите би можеле да земат поголемо учеството.
  • Околу 1 милијарда луѓе учествуваат во активностите на Денот на Земјата ширум светот секоја година.
  • На денот на Земјата во 2011 година, луѓето засадија 28 милиони дрвја во Авганистан, како дел од кампањата „Засади дрвја не бомби“.
  • Популациите на животински видови забележаа вкупен пад од 60 проценти во светот помеѓу 1970 и 2014 година, како резултат на загуба на живеалиштата, загадувањето, климатските промени и други фактори, според WWF.
  • Зголемените глобални температури доведуваат до поекстремни временски услови, вклучувајќи поинтензивни пожари и почести урагани со голем интензитет, пренесува Earth Day Network.
  • Скоро 80 ​​проценти од целиот пластичен отпад што некогаш создаден од луѓето е сè уште во животната средина, според Recycle Now
  • Денес просечниот Американец создава околу 4,5 фунти ѓубре дневно, во споредба со 2,68 фунти во 1960 година, според ЕПА.

Повеќе факти и информации за заштита на средината, можете да прочитате на страната на Рециклирај дома.

Претходен пост

РАДМИЛА ЖИВАНОВИЌ – ХРОНИЧНИОТ ГРЧ НА ЖИВОТОТ ПОД КОВИД-19

Следен пост

САМОДОВЕРБА: Како да ја поттикнете кај децата во најрана доба

Следен пост

САМОДОВЕРБА: Како да ја поттикнете кај децата во најрана доба

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.