Светскиот ден на борбата против ракот е меѓународен ден одбележан на 4 февруари со цел подигнување на свеста за ракот и поттикнување на неговото спречување, откривање и третман. Светскиот ден на ракот го предводи Унијата за меѓународна контрола на ракот (Union for International Cancer Control – UICC) за поддршка на целите на Светската декларација за рак (World Cancer Declaration).
Организацијата има за цел да помогне да се спасат милиони животи и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и поттикнување целиот свет да преземат акција против болеста.
Глобалната епидемија на рак е огромна и има голем потенцијал да се зголемува во секоја наредна година. Светските статиски укажуваат на тоа дека околу 8 милиони луѓе умираат од рак и овие смртни случаи можат да се избегнат со зголемена владина поддршка и финансирање на програми за превенција, откривање и понатамошен третман.
Проценето е дека бројот на заболени од рак двојно ќе се зголеми во текот на наредните 20-40 години.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.