Дани Димитровска е дел од листата на изведувачи на престојниот фестивал „Мозаик 2020″ кој ќе се одржи на 14 март во Прилеп и на 21 март во Куманово. Во интервју за Hybrid.mk зборува за настапите кои следат, но и за кариерата изминатите 20 години.
H: Како се случи Вашето учество на „Мозаик 2020″ ?
После Rock Symphony солистичкиот концерт во Струмица, бев поканета да бидам дел од овој проект. Со задоволство го прифатив како дел кој се вклопува во мојата концептуална турнеја.
H: Што може да очекуваат од Вашитe настапи, кои песни ќе може да ги слушнат?
Дел од репертоарот од мојот Rock Symphony концерт.
H: Што се случуваше на професионален план изминатите години, по објава на албумот во 2017?
Следуваше солистичкиот концерт во Филхармонија, минатата година. Објава на песни со видеа од “Град за Љубов” и синглови за најава на нареден албум. Во меѓувреме, настапи.. впрочем стандард.
H: Вашиот прв настап беше во 1999 година на Макфест со песната „Само ти ми требаш“, така всушност ја почнувате кариерата … Како гледате денес на тоа искуство, но и генерално на целата кариера досега, дали би сакале да промените нешто?
Сите искуства вредат злато, а првото сценско искуство секогаш ми прави широка насмевка и црвени образи на лицето 🙂 Не постојат менувања за нешто што е минато. Се движам по интуиција. Кога чувствувам потреба за промена, менувам. Не рачунам, не множам..
H: Во многу наврати кажувате дека музиката е таа која Ве движи во животот. Кој рефрен, стих, сакате да го слушате, пеете кога сте тажна, среќна?
“ВРЕМЕ” е песниште за век и веков во моменти кога е потребно рамо за плачење. Бидејќи е ВИСТИНА. А за среќа, не бирам стихови…
H: За крај, со која мисла се будите наутро секој ден?
Ајде лепотице, време е…
Подготви: Билјана Настеска – Каланоска
Фото: Приватна архива
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.