Како што бројот на заразени од корона вирусот расте, се забележало дека бројот на инфицирани деца е неверојатно низок. Од околу 75,000 случаи вкупно во моментов, се забележани околу 100тина педијатриски.
Можно е да се инфицирани и повеќе деца отколку што статистиките покажуваат, но да не се разболеле доволно за да побараат медицинска помош. Исто така, возможно е некои од инфицираните деца да не развијат воопшто симптоми.
За сега, изгледа дека вирусот ги напаѓа повозрасните лица, особено луѓето со хронични здравствени проблеми. Во Кина наводно просечната возраст на заразени лица е 70 години.
Друга ризична група се и бремените жени, но за сега нема докази за ова, како ни за постоечки компликации.
Извор: npr.org
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.