Финската регија Лапонија е позната по многубројните скијачки ресорти, спектакуларната поларна светлина и општо, како една од најубавите дестинации посебно во овој период од годината.
Тука постојат голем број стаклени иглуа преку кои турстите можат поблиску да ја почувствуваат и видат финската природа во зима.
Сепак, има и такви кои не се љубители на таков начин за одмор. За нив, има места кои се во духот на празниците, но се се толку авантуристички.
Едно од нив е Haawe, сместен во градот Rovaniemi или познат како дом на Дедо Мраз кој изгледа совршено.
Опремен е со финска сауна, камин, туш кој при туширањето имитира сапови на водопад. Убава, лускузна и бајковита идила во која максимално ќе уживате.
Лапонија е најголемиот и најсеверниот регион во Финска. Се граничи со Северна Остроботнија на југ, Ботнискиот Залив, oкрузите Норботен (Шведска), Финмарк и Тромс (Норвешка) како и со Мурманската област во Русија.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.