Ej, ej, ej! Te гледам будна доцна во ноќта, барајќи најповолни понуди на интернет и грижејќи се како ќе успееш да ставиш подароци под елката годинава. Знам дека ставаш пари на страна уште од јули, надевајќи се дека ќе можеш да ги изненадиш децата повеќе од минатата година. Јасно ми е дека ќе беше многу полесно ако имаш уште една плата во домот што ќе помогне. Колку само голем товар ќе ти паднеше од рамениците ако не мораше да живееш од плата до плата цела година.
Знам дека во овој период од годината е многу тешко, само заради тоа што сакаш да направиш многу повеќе за твоите деца отколку што можеш.
Видов дека носеше дрво големо колку тебе, не жалејќи се ниту еднаш колку е тешко и не барајќи помош од никого.
Те гледав како возиш низ твојата населба со твоите деца во автомобилот, гледајќи ги куќите божиќно накитени и уживајќи во божиќните песни кои ги слушавте на радио. Знам дека најголем дел од вечерите кога не си премногу уморна, седнуваш и успеваш да им прочиташ барем една божиќна приказна, понекогаш пред оган. Те видов како правиш топло чоколадо и отвараш божиќен календар, одлучна да создадеш нови спомени за тие мали човечиња кои што ги сакаш најмногу на светот.
Исто така знам дека заедно ги гледате твоите омилени празнични филмови, гордо радувајќи се дека децата се смеат на “Elf” и “A Christmas Story”, притоа кажувајќи им интересни факти дека истото дете од првиот филм се појавува во вториот, само како возрасна личност, па играте игра – да го пронајдат сами.
Те видов како гледаш во божиќните рецепти, обидувајќи се да направиш план како да ги испечеш заедно со твоите малечки човечиња – обидувајќи се да не мислиш да на фактот колку не ти требаат тие колачиња во домот. Си мислиш: „Опушти се, празници се, пробај барем малку да уживаш, заслужуваш.“
Знам дека се грижиш и срцето ти е скршено затоа што ќе го поминеш Божиќ сама годинава (можеби е ред на нивниот татко да биде со нив за празниците) или неможоста да им направиш божиќна атмосфера како што заслужуваат бидејќи не можеш да си дозволиш.
Знам дека не е само заради подароците кои се најскапи во овој период од годината. Посетата на Дедо Мраз, елката, новите лампиони и украси, дури и намирниците за печење на колачи – сето тоа е дел од приказната. И можеби имаш работа каде што не ти се плаќаат деновите кога не си на работа, правејќи го месечниот надомест уште помал.
Гледам дека се обидуваш да направиш најдобро што можеш.
И знам дека ти си единствената која ги витка подароците дома и само заради тоа што си под стрес и со недостаток на време за себе, аглите не се баш како што треба свиткани. И неколку подароци се спакувани со остатоци од хартијата, бидејќи немаш вишок за да фрлаш.
Но, знаеш што?
На твоите деца тоа не им е важно. Не им е важно и што има само неколку подароци под елката која е купена на старо и не изгледа толку свежа. Не се вознемирени што оваа година ја прескокнаа посетата на Дедо Мраз. Тие се сеќаваат на сите божиќни приказни и ги знаат на памет бидејќи ти им ги читаше секоја вечер пред спиење и годината претходно.
И знаеш кој е најдобриот дел? Тие мислат дека си доволно добра и прекрасна за да јадеш колачиња без страв.
Ти ветувам дека ти оди одлично, неверојатно дури. Затоа што пред секој чекор што го правиш, секогаш ги ставаш твоите деца напред. Се бориш и упорна си да ја направиш оваа сезона подобра од претходната, држејќи се до традицијата, за да создадеш спомени и да им покажеш на твоите деца колку многу ги сакаш.
Ти си супержена. И јас сум тука да ти кажам дека иако понекогаш тие обиди не се онака како што првично биле планирани, твоите деца знаат – и тие те гледаат каква што си – неверојатна жена!
Извор: mom.com
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.