Не само што служат за да ни го разубават дворот или домот, цвеќињата имаат и многу повеќе намени во корист на луѓето. Дел од нив се користат и како состојки при домашно лекување.
На пример хибискусот, чиј цвет изгледа прекрасно, се употребува во билната индустрија, како чајна напивка која има голема позитивна улога во дигестивниот и имунолошниот систем.
Сончогледот, чиви семиња се богати со витамини и минерали делуваат на подобрување на дигестивниот систем, го контролираат крвниот притисок и здравата кожа.
Лавандата го украсува дворот исполнувајќи со својот прекрасен смирувачки мирис. Цветните пупки се користат како видови во готвењето и маслото од неа се користи за лекување на изгореници и рани.
Убавата камилица ја користиме за нега на кожата, помага при болки за време на настинките и сувото грло.
Ноќниот јасмин се користи често во Ајурведата како лек за болките во колената или пак болки во грлото.
Црниот слез е сојузник на имуниот систем, така што превенира бактериски инфекции.