Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Човекот без кој музиката не би била иста – Карлос Сантана

79
Прегледи
Сподели на фејсбук

Денес, светски познатиот гитарист Карлос Сантана постанал славен кон крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години со неговиот бенд т.н. Сантана Блуз Бенд.

Додека бил дете, се очекувало дека еден ден ќе израсне во музичар.  Неговиот татко бил професионален маријачи виолинист. Карлос почнал да свири виолина на пет години додека подоцна се преопределил на гитара(на осум години). Врз музичкиот развој на Сантана во своите детски години огромно влијание имал Ричи Валенс, познат американски пејач, гитарист и композитор.

По преселбата од Мексико во Сан Франциско, младиот гитарист имал огромно влијание од својот идол и најголемиот гитарист во тоа време ББ Кинг. Тој исто така почнал да навлегува во тајните на џезот и блузот и бил сведок на појавата на хипи движењето во Сан Франциско.

Во 1966 година го оформил Сантана Блуз Бендот заедно со басистот Дејвид Браун и пијанистот Грег Роли. Со нивната оригинална комбинација на латино рок, џез, блуз, салса и афрички ритам, бендот станал познат по клубовите во Сан Франциско, За подемот на овој бенд, пресуден бил моментот кога бендот настапил на најголемиот хипи концерт на сите времиња Вудсток во 1969 година. По концертот, Карлос Сантана во име на целиот бенд потпишува договор со Колумбија Рекордс и директорот Клајв Дејвис, при што го издаваат албумот “Santana”.

Во 1973 година, го формира новиот бенд познат само како “Сантана”, при што е задржан до ден денеска со менување на членовите, освен лид гитаристот, самиот Карлос Сантана.

Деведесетите се сметаат за мрачен период за музиката на Сантана. Се до крајот на декадата Карлос нема договор со ниедна музичка компанија. Но, нештата се менуваат кон крајот на дваесеттиот век.

Во 1999 година неговиот албум”Supernatural”  доби дури девет греми награди, со 120 милиони продадени копии.Овој албум се смета за старт на нова музичка ера за Карлос Сантана која се разликува од онаа до 1990 и трае и до ден денес. За овој албум Сантана соработуваше со Еверласт, Роб Томас, Ерик Клептон, Лорин Хил, Дејв Метјуз и многу други. Најпознати нумери од овој албум се Maria Maria и Smooth, нумерите кои му овозможија на Сантана кариера во светски рамки.


При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ИНТЕРВЈУ Константин Ангеловски “Картингот е механизам кој што во 10-15 минути ве троши на ист начин како да сте поминале еден час во теретана”

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Жика Кукуловски “Од мали нозе пораснав со народната музика и тоа е она што сакам да го пеам”

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Жика Кукуловски "Од мали нозе пораснав со народната музика и тоа е она што сакам да го пеам"

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.