Open Sky, лимитирана едиција, мирис кој го слави “она помеѓу“.
“Иако, практично сме заробени на едно место веќе некое време, нашите сеќавања станаа посебно живи – и она на кое најчесто се сеќаваме се патувањата. Таа идеја за движењето, за патувањата, за тоа дека сте некаде на пат е она што најмногу ми недостига во моментов. Она што сакав да доловам со овој мирис е празнината која постои меѓу две места, местото на поаѓање и крајната дестинација“.
–Ben Gorham, основач и креативен директор на Byredo.
Настанат во време кога светот е приземјен, Open Sky претставува метафизички омаж на искуството на патувањата: мирис на самото патување. Истражувајќи ја празнината меѓу местото на поаѓање и крајната цел и апстрактната привлечност на бесконечниот хоризонт, ова е мирис кој не постои ни овде ни таму – туку го слави она помеѓу.
Горни ноти: помело, бибер
Средни ноти: листови коноп
Базни ноти: свето дрво, ветивер