Доколку мислевте дека нема што повеќе да се каже за парфемите, размислете повторно!
Новиот 212 HEROES е тука за да го скрши секој oблик: неговото различно шише, мирис и кампања ќе ве остават изненадени и да посакувате повеќе.
Иновативниот парфем-изграден врз база на уникатна веганска формула, содржан во внатрешноста на впечатливо шише со форма на скејтборд, отелотворено од екипа на талентирани артисти – ја слават слободата и автентичноста. 212 Heroes му оддава почит на вашиот внатрешен Херој, делот од вас кој му пркоси на конвенционалното, и се бори за вашите соништа и идеали.
Да се чувствувате младо значи да го прифатите тоа кои сте, одејќи со моментот, да оставиме да бидеме изненадени, да ризикуваме, да го пуштиме и да го искористиме секој момент. “212 Heroes не потсетува на нашата интуиција, бунтовност и слободен дух” изјавува Carolina A. Herrera, креативен директор во делот убавина.
212 Heroes оди чекор понапред и ја буди нашата вродена способност да се чувствуваме помладо кога и да посакаме. Ако младоста е концепт и не е поврзана со возраста, тогаш зашто да не ги прифатиме сите позитивни придобивки поврзани со тој став?
212 HEROES: БОГАТА И УНИВЕРЗАЛНА ЗАБАВА
Новите генерации се сметаат за најразноврсни но сепак и најинклузивни до сега. Возраста, класата, етникумот, полот, културата и потеклото стануваат секундарни; тие не се пресудни во формирање на нашиот идентитет. Лицата на 212 HEROES ја носат оваа порака : новата 212 дружина е составена од 14 амбасадори со различно потекло, возраст и пол.
Во силно поврзан свет, забавувањето добива на интензитет. Тоа е инспиративен катализатор и совршен изговор за интеракција, споделување и уживање. Забавувањето се шири и станува сеприсутно-тоа е чувство кое го носиме во нас.
Друштвените собиранки еволуираа; забавувањето не е ограничено само на ноќни клубови и куќите овие денови. Забавите ги заземаа улиците, постанувајќи побројни и динамични. Конекциите исто така се случуваат надвор од ексклузивноста на клубот и интимата на куќата: улицата е новиот клуб.
ВЕГАНСКА ФОРМУЛА
За будење на нашиот млад дух Carolina Herrera прави модерна пресвртница на амблемираното мирисно семејство. Со 212 Heroes, нов тип на Fougère е роден – сржта на машкиот мирис кој можеме да го кажеме овошно дрвенестиот Fougère. Мирисот е создаден околу неверојатниот пар. “Маслото од Гераниум, елегантен и комплексен, се меша со Еликсирот од Круша, кој е освежувачки и пенлив.
Ова нeпокорливо дуо дава енергија и оптимизам во мирисот.” Разликата на состојките служи како алегорија на дружината 212, формирана од уникатни, различни и разноврсни карактери
Пораката е јасна хетерогеноста може да биде екстремно хармонична: разноврсноста значи сила.
СКИРОЛ: АВТЕНТИЧЕН И БЕЗВРЕМЕНСКИ СИМБОЛ
Пакувањето ја најавува иновативната сила на целиот проект. 212 Heroes е флаширан во шише со форма на скејтборд.
Постои ли архитип послободен и поавтентичен од скејтбордот? Скејтбордингот, кој потекнува од Калифорнија, околу 1950тите се појавува како урбана верзија на сурфањето, и брзо потоа се развива во глобален културен феномен и начин на живот како што е денес.
Скејтбордерите ги гледаат бесконечните можности на градот и ги претвараат во нивно игралиште. Тие имаат голема имагинација и ги претвораат падините во бранови, а тротоарот во море. Тие се иновативни, храбри, истрајни, бестрашни и одлучни: тие се вистински херои.“