Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

БЈУТИ РИТУАЛИ КОИ ГИ „УКРАДОВМЕ“ ОД ВРЕМЕТО НА КЛЕОПАТРА

226
Прегледи
Сподели на фејсбук

Не е тајна дека древната египетска козметика има влијание врз нашите денешни ритуали за убавина бидејќи античките Египќани имале разни трикови за разубавување.

Од најраните времиња на египетската империја, мажи и жени од сите социјални класи ставале веѓтачки трепки, сенки за очи и кармин. Прикажната заводливост на египетската цивилизација има многу врска со начинот на кој се доживаат нејзините две најпознати кралици: Клеопатра и Нефертити. Во 1963 година Елизабет Тејлор покажа шик египетски изглед кога ја глумеше Клеопатра во истоимениот еп.

Исто така, во 2017 година Ријана и оддаде почит на Нефертити на насловната страна на Вог Арабија. Носеше шминка како нејзината, поточно носеше сина сенка и имаше густи, темни трепки.

Сепак, античките Египќани не само што користеле шминка за да го подобрат својот изглед – козметиката имала и практични намени, обредни функции и симболички значења. Тие сериозно ги сфаќале своите козметички рутини.

Најрафинираните ритуали за убавина биле „измислени“ во бањите на богатите египетски жени. На пример, ексфолијалица на кожата правеле со мртва морска сол или пак ја потхранувале кожата во млечна бања. Користеле маски за лице од мед, а користеле темјан како антипреспирант, ставајќи и масла со цвеќиња или зачини за да ја омекнат кожата

Откако ќе ја подготвеле кожата, следел моментот кога треба да се нанаесе шминката.

Слугинките ги носеле потребните состојки и алатки за овој чекор. Тоа биле кутии, апарати и апликатори, кои сами по себе биле мали уметнички дела што важеле за потврда на социјланиот статус. Сенката за очи се правела со мешање на малахит во прав со растителни масла или растителни масла. Додека кралицата седела пред тоалетната масичка со светкаво бронзено огледало, слугинката користела долга стапче од слонова коска за да нанесе богат зелен пигмент. Исто како што прават жените денес, по сенката следелеа густа линија на црнило околу очите.

Завршниот дел од шминката секако бил црвен кармин. Да се ​создаде потребната боја, потребно било окер боја да се меша со животински маснотии или растително масло. Клеопатра е позната по тоа дека барала да се мелат инсекти заради совршената нијанса на црвената боја. Овие токсични мешавини заради состојките можеле да доведат до сериозни заболувања или смрт.

Дури и по смртта, личниот изглед беше клучен за египетскиот идентитет. Египетските гробници покажуваат дека било вообичаено Египќаните да внесуваат секојдневни предмети како чешли, миризливи масти, накит и козметика во гробовите на мажи, жени и деца.

Уникатната египетска естетика (од архитектура до уметност и шминка) ја зароби имагинацијата на модерните луѓе со нивната елеганција, егзотичност и стил. Сепак, влијанието на античкото кралство врз нашите идеали за убавина е непосредно преку нивните пронајдоци на сенките и кармини што сè уште сакаме да ги носиме, пренесува Си-Ен-Ен.

Претходен пост

НАЈУБАВИОТ МОДЕН ДОДАТОК ЗА ПРЕТСТОЈНАТА СЕЗОНА

Следен пост

ЕЛЕНА СТЕФАНОВСКА: ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ, ДАВАЈТЕ ЉУБОВ – ЌЕ ПОМИНЕ И ОВА, ЌЕ ПРЕЖИВЕЕМЕ

Следен пост

ЕЛЕНА СТЕФАНОВСКА: ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ, ДАВАЈТЕ ЉУБОВ - ЌЕ ПОМИНЕ И ОВА, ЌЕ ПРЕЖИВЕЕМЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.