Во време на социјална изолација, секој од нас бара начин како полесно и поедноставно да го издржи периодот кој е пред нас. На оваа тема, прашавме дел од нашите познати лица, блогерки и инфлуенсери како се справуваат и што прават во моментов:
Периодов го поминувам како секој нормален и дисциплиниран човек на Планетава. Не ни мислев на почеток дека ќе биде крајно сериозна работата. Дури неколку пати размислував да одам до Куманово да ги видам моите, но сфатив дека моите родители спаѓаат во ризична група и не сум сигурна дали сум заразена за да не дај Боже им го пренесам.
Времето во изолација сакам да го поминам квалитетно и продуктивно. Да се слушнам со моите најблиски, да погледнам некој добар филм, да прочитам некоја книга. Можеби звучи клише, меѓутоа сега е вистинско време да си го посветиме на себе. Пробувам некои нови рецепти во кујнa, а од физички активности колку можам по дома знам да направам некоја пилатес вежба на топка и по некое истегнување.
Постојано сум во комуникација со моите колеги и работиме од дома. Се трудиме преку мојата матична куќа во соработка со нашите естрадни лица да ги мотивираме и смириме со позитивна видео порака дека сè ова брзо ќе поминe.
Што да им порачам на луѓето?
Па мислам дека оваа вонредна ситуација е една силна порака од природата. Да се почитуваме себеси, да посветиме време на семејството, на своето здравје, да си го пронајдеме внатрешниот мир. Ова е идеално време да осознаеме што сакаме во животот, што сакаме да правиме и да се подготвиме за периодот кој што ни следи.
Не заборавјте да работите на вашиот имунитет, барем јас практикувам да се хранам здраво. Секое утро пијам витамин Ц од 1000мг, по некое цедено сокче, внесувам салата, месо, риба, во обилни количини.
Бидете дисциплинирани, немојте да претерувате во купување храна, има доволно за сите, оставете и на другите да купат. Верувајте во себе, давајте љубов, позитивна енергија. Ќе помине и ова, ќе преживееме.
–Елена Стефановска
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

