Новогодишната ноќ е посебна и сите сакаме да изгледаме прекрасно. Дел од подготовките за разубавување ја вклучуваат секако и шминката.
Кои се актуелните мејкап трендови за новогодишната ноќ?
Токму на оваа тема, вчера во парфимеријата Anabella во Скопје Сити Мол се одржа Beauty MAKE UP Party, настан посветен на убавината.
Сето ова беше пренесено директно од нашите најдобри мејкап артисти Дадар, Зоран Шурбевски, Дарко Мишовски, Миа Арабаџиева и Сим Салтирова.
Нивната умешност во допир со брендовите Dior, Bobbi Brown, Estee Lauder, Shiseido и Clarins беа задолжени за финалните мејк ап новогодишни изгледи кои ги презентираа македонските инфлуенсерки Маринела Милошевска, Антонија Локвенец, Миа Костова, Ангела Ѓорѓиева и Ксенија Деспотовска во улога на модели.
Во прилог погледнете дел од процесот на разубавување, како и финалниот мејк ап изглед:
ФИНАЛЕН МЕЈК АП ИЗГЛЕД
Дел од гостите беа и македонските медиуми кои сведочеа на процесот на разубавување и се забавуваа заедно со останатите намерни и случајни минувачи во парфимеријата Anabella.
Кликнете тука и погледнете дел од производите кои беа употребени во креирање на овие мејк ап предлози.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.