Во книжарниците на Издавачкиот центар ТРИ од денес започнува уште едно издание на Зимскиот фестивал на книгата, настан што ги слави книгите и читањето и ја отвора сезоната на попусти на изданијата на ТРИ и Паблишер, како и на дел од ексклузивните изданија од понудата на книжарниците.
Зимскиот фестивал е веќе препознатлив настан кој со години ја популаризира книгата во пресрет на празниците и сезоната на подарување. Убедени дека годината треба да заврши, а новата да почне во знакот на книгите, дека за празниците треба најмногу од сѐ да се подаруваат книги, а слободните денови да се поминуваат во читање и споделување омилени мисли, ТРИ во своите книжарници обезбеди широка фестивалска понуда од над 1 000 изданија со специјален фестивалски попуст од 20 до 70 %, како и оригинално украсување на книгите збогатено со картички со празнични пораки.
Освен богатата книжевна понуда, Фестивалот ќе го одбележат и промоции на многу нови атрактивни изданија – меѓу кои новиот роман на Винка Саздова, Вилино, крајот на серијалот Милениум, Девојката што сакаше да умре, и две нови верзии на Планум. Предвидени се и средби со автори, книжевни разговори и наградни игри, како и дополнителни поволности за членовите на Клубот на читатели на ТРИ. Многу причини книгата да биде наш прв избор во текот на празниците!
Ви препорачуваме да ги посетите нивните книжарници – Градски трговски центар, ТЦ Зебра и Дебар Маало, и да ја почнете сезоната на читање и подарување со понудата на Зимскиот фестивал на книгата.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.