Carolina Herrera почнува нова авантура со BAD BOY, извонреден мирис кој го буди митот на вечниот бунтовник. Тој е оној смелиот, кој ги крши правилата и оди по својот пат.
Ви го претставуваме новиот иновативен и експлозивен машки парфем
Eau de Toilette Bad Boy.
Моќен и софистициран мирис за уникатни мажи кои се осмелуваат да ги прифатат сите аспекти на современaтa маженственост.
Мирис кој го открива двојниот карактер на бунтовникот, неговата силна, но чувствителна страна – моќен и емпатичен, во исто време храбар и ранлив.
Неговата храброст се содржи во способноста да ги изрази и сподели своите чувства. BAD BOY е ода на бунтовните мажи кои се борат за сопствените принципи и се верни на својот идентитет.
“Толку е добро да се биде лош”
слоган кој во потполност го изразува духот на оваа креација.
BAD BOY е ориентален ароматичен мирис во кој спротивностите се испреплетуваат: светлината на жалфија, бергамот и бибер во мешавина со сензуалната темнина на тонка грав, какао и амбер. BAD BOY ги изразува нијансите на природата на современиот маж.
Молња е симболот на BAD BOY, го претставува хероизмот и силата – алегорија на неговата личност: непредвидлив, необичен, привлечен и фасцинантен.
Тој заведува и освојува брзо како и молњата.
“Размислував за овој проект некое време: Сакав да дизајнирам мирис што ќе презентира нова димензија на маженственост. Идејата за овој исклучителен парфем е заснована на важна формула, оформена од контрасти и богати состојки.”
–Carolina Herrera de Báez, креативен директор на мирисите на куќата Carolina Herrer.
Таа го создаде овој мирис во соработка со парфемските креатори Quentin Bisch and Louise Turner.
Горните ноти на овој мирис се свежината на црвениот и бел бибер во спој со лимонската живост на италијанскиот зелен бергамот. Тајната на BAD BOY се наоѓа во долните ноти каде тонка гравот и какаото се мешаат и создаваат револуционерен мирис.
BAD BOY ги менува димензиите онаму каде што ќе помине, го обликува градот создавајќи магнетизам на кој никој не може да одолее. Ги привлекува сите погледи и не може да остане незабележан. Зрачи со електрична светлина што го прави посебен и уникатен.
“БИДИ ЛОШО МОМЧЕ И ОСЛОБОДИ ГО СВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ”
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот