Дали е полесно да се работи со музика?
Прашајте илјадници луѓе, веројатно ќе добиете разновидни одговори. Некој сака класична музика, некој сака џез, некој сака тишина.
Сепак постои причина зошто на youtube може да најдете голем избор на плеј-листи за разна намена, како “плеј-листа за концентрација”, “плеј-листа за ослободување од стресот”, “плеј-листа за спиење”, па дури и “плеј-листа за чистење”.
Причината за тоа е и научно објаснета, поточно дека музиката влијае на нашето расположение и когнитивните функции.
Како музиката влијае на продуктивноста?
Научниците биле заинтересирани за оваа тема со години и неодамнешните истражувања дале одговори за тоа дали музиката помага во когнитивните перформанси и работната продуктивност.
Идејата дека слушањето музика потенцијално може да ја подобри продуктивноста и когнитивната функција не е ништо ново. Истражување од 1993та година покажало дека слушањето на Моцарт пред одговарање на IQ тест – областа за „просторно-временско расудување“ ги подобрува перформансите и дава подобри резултати.
Ова сознание го нарекле „Моцарт ефект“, а истото во 1999та година се надоградило со ново истражување кое потврдило дека музиката на Моцарт не ги подобрува когнитивните перформанси директно, туку позитивно влијае на расположението и со тоа се намалува нивото на стрес и така се подобруваат когнитивните способности во согласност со нивниот капацитет.
Неодамна било спроведено истражување на 56 софтверски инженери кои работеле или во тишина или додека слушале различни типови на музика.
Резултатите го потврдиле „Моцарт ефектот“, со тоа што испитаниците кои слушале музика пројавиле подобро расположение и поквалитетно сработени задачи.
Слушањето музика од било каков тип, резултира со зголемена продуктивност и точност, како и добивање подобри и покреативни идеи.
Музиката без текст го подобрува вниманието и перформансот и слушателите искусуваат подобрена емоционална состојба.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот