Традиција е неделен ручек со најблиските, традиција е собиранки за прослава на убавите моменти во животот, традиција е почнување во теретана во понеделник… традиција е и Health, Fitness & Wellness Expo, кој овој септември се случува петта година по ред!
Четирите изминати изданија несомнено пружија применливи и корисни информации за огромен број теми за здрав начин на живот – почнувајќи од правилна и здрава исхрана, спортување и совети од најголемите професионалци кај нас, козметика за телото па се до храна за умот. Ова издание ќе се покаже како јаготка на шлагот и едно ново ниво кога станува збор за интерактивни содржини, едукација и анимација.
Така, на 21ви и 22ри септември, на терените “Работнички” во Градски парк Скопје, не очекуваат голем број промотивни понуди, бесплатни тренинзи и консултации, едукативни презентации и многу изненадувања! Настанот е конструиран така што би ги задоволил сите вкусови, па покрај останатото,на задоволство на оние покомпетитивните во рамките на настанот ќе се одржат бројни натпревари со вредни награди.
Организаторите веруваат дека позади секој настан, мора да стои една голема и општествено важна идеја, па така ова јубилејно издание ќе даде акцент на најмладите – новите надежни генерации кои преку стекнување здрави навики ќе го направат светот поубаво место за живеење. Токму поради тоа, во рамките на Health, Fitness & Wellness Expo ќе постои посебен Kids Corner поддржан од Бекутан, каде најмалечките ќе бидат понесени од бескрајни игри, интересни натпревари и целодневна забава!
Наскоро ќе бидат објавени сите организации кои се приклучија и ќе учествуваат на овој настан, па затоа околу целосната програма, изложувачите и учесниците, следете ја официјалната Facebook фан страна и Facebook настанот.
Не заборавајте, нашето тело е единствениот дом кој навистина го поседуваме, па наша одговорност е да го одржиме во благосостојба. Затоа, се гледаме на HFWE#5!
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот