Војвотката од Кембриџ на почетокот на годината ја лансираше кампањата „5 Big Questions“ наменета за секој возрасен човек над 16 години во Велика Британија, без оглед дали има бебе или не.
Целта на анкетната кампања е да открие што јавноста, како и деловните субјекти и организации, размислуваат за можностите што ги имаат децата, што им се потребни и како земјата може да и помогне на најмладата генерација.
Додека кралското семејство има намера да им даде на децата во Велика Британија најдобар можен почеток на животот со ова истражување, главното прашање е дали ќе има успех или не.
Во изјавата на портпаролот на палатата Кенсингтон стои: „Анкетата има за цел да предизвика глобална комуникација за раното детство што на крајот ќе помогне да се постигнат позитивни, трајни промени за идните генерации“.
Искуствата до 5 годишна возраст се суштински во обликувањето на идниот живот на децата.
Со текот на годините, Мидлтон, која е мајка на три деца, се соочувала со многу семејства кои мораат да издржат секојдневни предизвици. Кампaњата е поткрепена со експерти, практичари, организации и академици од оваа област.
Развојот на децата, воспитувањето и важноста на менталното здравје се многу важни теми за дискутирање. Иницијативата на Кејт Мидлтон негува разговор на овие теми и со тоа ги прави родителите свесни за нивната важност. Колку повеќе размислуваат за прашањата поставени во прашалникот, толку е поголема веројатноста родителите да бидат информирани за одговорите на тие прашања. На тој начин, на своите деца ќе можат да им пружат безбедно, здраво и среќно детство.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.