Во време на социјална изолација, секој од нас бара начин како полесно и поедноставно да го издржи периодот кој е пред нас. На оваа тема, прашавме дел од нашите познати лица, блогерки и инфлуенсери како се справуваат и што прават во моментов:
Чувствувам дека земјата не испрати сите во нашите домови и ни даде време да размислиме што и направивме. И во овие моменти кога светот стана хаотичен и се стана неизвесно, она што е реално и вистински важно ни стана појасно.
Покрај целата новонастаната ситуација , целиов хаос што го окупираше светов и сите оние непријатни чувства кои ни ги предизвика моменталнава состојба, се обидувам да останам присебна и да ја согледам онаа позитивна страна од приказнава ,првично поставувајќи си ги сите оние прашања… Што сето ова сака да не научи? Што одкако сето ова ќе заврши? Дали земјата конечно слободно дише без нашите непотребни,но секојдневни неправди кои и ги нанесовме…? Дали ни е ова шанса за втор живот, живот во кој ќе оставиме многу лоши навики зад нас, шанса за еден подобар живот во кој ќе живееме и ќе твориме како најдобрата верзија од себеси…?
И така давајќи си позитивни одговори,со надеж да се ова што побрзо заврши, ставам акцент само на убавите работи, горда сум на сите свои навики кои до сега ги имам изградено и на моите постапки,на моите и на луѓето околу мене кои секојдневно ме инспирираат. Дека да бидеме искрени ако сите збориме за работите кои моментално ни недостигаат и се наше секојдневие,после мој 14-ти ден ден изолација, неизбежно е дека сите заклучивме дека и без нив се може,но исто и дека неизмерно ни фалат…работата,моето студио, тоа е она што мене највеќе највеќе ми недостига и тука листата е дооолга , го додавам мојот втор дом, кафето со моите во Дебар Маало, ручекот во Трибека,самата слобода на шетање низ улиците на Скопје, парк, Водно,ах ,пролет е и за некој ден ми е роденден….престанувам тука.? Верувам,а сакам да верувате и вие дека сето ова ќе помине за брзо и заедно ќе го надминеме.
Најважно сега е сите да ги почитуваме извондредните препораки кои ни се налагаат, да си седиме дома,да си го зачуваме сопственото здравје и здравјето на нашите најмили. Создате си рутина за која нема изговори. Го имаме цело време на светов да се фокусираме на себе и да ги направиме сите оние работи за кои претходно си кажувавме дека немаме време да ги направиме. Создадете си листа на работи во кои уживате и сте ги правеле до сега и листа на работи кои сте ги правеле и на кои не сте особено горди и кои сакате да ги промените. Добро време е за да внесеме позитивни промени во нашите животи ,за кои подоцна ќе бидеме неизмерно благодарни.
Првите неколку дена бев и горе и долу, анкциозноста обзема на моменти и делува некако неизбежна, но повеќето моменти делуваат надежно што и ме натера да отворам нов планер. Фокус на себе,планирање на денот и сите обврски е една преубава навика која на сите топло ви ја препорачувам. Со план секогаш сте еден чекор понапред до реализирање на својата цел. Имам навика на мојата Листа да ги запишувам целите и обврските еден ден претходно и така заспивам и еве како ми почнува мојот ден сега …се будам рано и уживам пиејќи го утринското кафе со мајка ми и сестра ми, вежбам и ова е дефинитивно она што највеќе ме исполнува и ми дава енергија во текот на денот, иако признавам неизмерно ми фали моето Тринити, но и од дома се може.? Тогаш следи доручекот. Кога станува збор за исхраната морам да кажам дека е особено важно да се внимава на нејзе, јас се хранам мноооогу многу здраво, така да и за доручек и ручек и вечера во мојата чинија има многу многу зеленчук,овошје конзумирам како ужинка после доручекот или ако ми се пријаде нешто благо тогаш тука се јаболката?? . Пијам многу вода во текот на целиот ден,со мојата Горска Бјути си ја задржувам убавината??,пијам цедени сокови и редовно витамини,бистам имунитет и држам темпо. Се грижам за мојата кожа по иста рутина од претходно,но третманите на д-р Марија Бунда и фалат на мојата кожа неизмерно многу. Сакам и одсекогаш сум сакала што и да носам на себе и кога сум дома да прави да се чуствувам комфорно и убаво и остатокот од денот го поминувам во моите омилени Women’secret пижами. Иако сум дома неможам да замислам а да не ставам парфем,тоа некако посебно ме исполнува….Факт е дека здравиот начин на живот и грижата за себе се неопходни, а и многу значајни и во моменталнава ситуација. Неминовно е дека имам многу послободно време сега и гледам да го искористам максимално продуктивно, па одлучив на мојот инстаграм профил и на мојот официјален профил @beauty_studio_mia_arabi да постирам контент од архива, но и да креирам нови makeup изгледи дома и да се доближам до моите следбеници и клиенти креирајќи и зборувајќи за теми кои ни се заеднички важни ,нега,шминка,уметност,креирајќи и работејќи со огромна страст и љубов ќе споделам најразлични совети и трикови со нив во тој наш виртуелен свет во кој овие денови гледам многу позитива и многу солидарност и љубов и искрено многу му се радувам што постои.Овие денови можевме да видиме многу предизвици што кружат на социјалните мрежи и како луѓето се конектираат меѓусебно и тоа со една порака да се седи дома и да продолжиме да креираме уметност,затоа што светот допрва чека на нас и дека заедно ќе го надминеме ова.
Некако повеќе го сакам и го ценам животот сега,зар не се чуствувате исто? Некако повеќе уживам во малите задоволства…мирисот на мојот дом, мирисот на јоргован во градината на баба ми, чистиот воздух далеку од градот, кафето и разговорите, листањето низ старите албуми, гледањето стари филмови и серии, играње карти и mind games, читање книга, учење нови работи, разговори преку face time со татко ми,баби ми,другарките…баш зборевме со сестра ми пред некој ден како сите овие работи некако добија поголемо значење сега и дека тоа што сме здрави,живи и среќни денес е неизмерно важно и самата можност да сонуваме,да креираме и твориме за реализирање на сите наши идеи и постигнување на сите наши цели е нешто за кое сме особено благодарни, благодарни што се имаме една со друга и колку е значајно особено во вакви моменти да имаш некој покрај себе,некој кој секогаш ќе биде овде без разлика на се.
Седете дома,чувајте се и гушнете ги своите најблиски, доколку сте сами гушнете се силно себеси,знајте дека некој неизмерно ве сака и чека да се стопи во ваша прегратка одкако сето ова набрзо ќе заврши.❤️
-Миа Арабаџиева
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.