Боуви никогаш не следел трендови – тој ги поставуваше. Почина на 1денешен ден, во 2016 година.
Човекот кој на сите ни недостига, а музичката сцена никогаш нема да биде иста повеќе. Но, големите луѓе како него секогаш оставаат интелектуално наследство зад себе. Животните лекции на оваа музичка легенда ви ги пренесуваме во продолжение.
Не чекајте прилика – создадете ја
Ако седите со скрстени раце и чекате нешто да се случи, единствената работа што може да се направи во тој случај е да се прифати промената или да не се прифати. Ако не работите на остварување на своите соништа, тогаш ќе работите на остварување на туѓите.
Бидете отворени за иновација
Во интервју за “Њујорк Тајмс” во 2002 година, Боуви зборувал за тоа дека во следните 10 години иновациите ќе навлезат во музиката и секој треба да биде отворен за промената, алудирајќи на тоа дека ќе се појават програми како Spotify. Неговата визија се покажа како точна.
Визуелниот ефект е важен
Ако сакате да оставите впечаток, тогаш мора да работите на визуелната автентичност. Вашиот изглед е ваша визит карта – бидете храбри.
Времето е драгоцено – искористете го најдобро што можете
Дваесет и пет албуми, бројни филмски улоги и безброј настапи, успешни соработки и останати остварувања – Дејвид Боуви беше извор на продуктивност. Нека биде ова инспирација за тоа како да се искористат сите 24 часа во денот.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.