Estee Laudеr е родена на 1 јули 1908 година во Квинс, Њујорк. Нејзината козметичка кариера ја започнува продавајќи крема за лице создадена од нејзиниот чичко кој бил хемичар. После неколку години поминати во продажба, таа решава да ја основа Estée Lauder Cosmetics Inc. Во 1946 година. Останатото е историја. Таа полека почнува да се позиционира на козметичкиот пазар во Америка, а подоцна и низ целиот свет како бренд кој гарантира квалитет.
Estee Lauder почина на 24 април 2004 година. Компанијата која што ја изгради самата таа, во моментов е во сопственост на нејзиното семејство, кое успешно го продолжува патот и зацртаните цели на нејзиниот творец.
…Отсекогаш сум верувала дека ако се придржувате до некоја мисла и внимателно избегнете одвраќање на патот, можете да го остварите сонот. Целиот мој живот беше за исполнување на соништата. Го здржав фокусот на целта, каква и да беше. Без разлика дали вашата цел е голема или мала, сложена или едноставна, амбициозна или лична, секогаш верував дека успехот доаѓа од тоа да не ги тргнете очите од таа цел. Секој што сака да постигне сон, мора да остане силен, фокусиран и стабилен….
Во продолжение, уште неколку нејзини животни лекции кој никој нема да ги заборави:
- Сите одлични работи започнуваат со визија…. Сон…
- Не дојдов дотука посакувајќи го тоа или се надевајќи се, туку работејќи за тоа
- Довербата зрачи со убавина.
- Ако не можете да остварите продажба, во тој случај не е проблем производот, туку вие
- Верувајте им на сопствените инстинкти
- Нашиот живот не е колку можеме да добиеме, туку колку можеме да дадеме
- Допрете го вашиот клиент и веќе сте на половина пат
- Што и да давате, се враќа кај вас
- Бизнисот е таму, само треба да тргнете по него
- Преземањето ризик е камен-темелник на империите
- Спокојот е навистина пријатен, но му недостига успехот
- Работев секој ден од девет, кога доаѓав да ги полирам теглите, па се до шест навечер. Никогаш не ручав
- Навреме научив дека да се биде перфекционист и да се обезбеди квалитет е единствениот начин да успее во бизнисот.
- Проектирањето на вашиот ум во успешна ситуација е најмоќното средство за постигнување на целта
- Мојата амбиција беше да ја направам секоја жена убава, а не да заработувам пари
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.