Со пораки испишани на Ајфеловата кула, секоја вечер, почнувајќи од денеска, ќе се оддава почит на луѓето што се мобилизираат во борбата против коронавирусот. На оваа туристичка атракција во париз ќе биде испишано „Мерси“ (Благодарам), како и пораки кои ги охрабруваат луѓето да останат во своите домови, пишува МИА.
-Од петок, секоја вечер од 20:00 часот до 23:00 часот, Ајфеловата кула ќе им оддаде почит на сите оние што се мобилизирани против „Ковид-19 “со проектирање пораки за благодарност и покана за останување дома“, велат од Градот Париз во соопштение за печат.
Во продолжение, неколку интересни факти кои што не сте ги знаеле за оваа светска атракција.
Кулата е изграден во 1889 година по повод 100-годишнината од Француската револуција кога бил организиран конкурс и изложба (Paris Exposition). Имали над 100 учесници, но победил проектот на архитектонската компанија на Александар Ајфел
Во изградбата, која траела две години, учествувале неколку стотици работници
Планот бил да се демонтира после 20 години. Властите одлучиле да не го сторат тоа бидејќи кулата станала важна радиотелеграфска станица
Сопственикот на архитектонското биро по кого е наречена кулата, не е автор на проектот. Тоа е дело на еден од неговите инженери Маурис
На четвртиот кат има апартман кој на времето бил наменет за Ајфел и за забава на тогашната елита, но денес е достапен за туристите.
Во текот на Првата светска војна имала значајна улога, пресретнувајќи многу непријателски радио комуникации. Во текот на Втората светска војна кулата за малку ќе била уништена по наредба на Хитлер, но генералот кој требало да го спроведе тоа ја одбил наредбата.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.