Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Интервју: Лазе Димовски – човек кој уметноста ја носи во својата душа

211
Прегледи
Сподели на фејсбук

Уметноста има многу форми на изразување и уште толку повеќе начини на нејзиното доживување.

Лазе Димовски е човек кој за себе вели дека ја носи уметноста во душата, а ја изразува на повеќе начини. Еден од нив е изработка  на декоративни мали уметнички дела, станува збор за цркви и останати изработки од камен.

H: Лазе, Вие имате работилница во која ги создавате овие мали уметнички дела. Од каде идејата, зошто цркви?

Да, црквичките и останатите дела ги изработувам во мојата работилница која се наоѓа во населбата во која и живеам, поточно – Радишани.

H: Со каков материјал работите?

За изработка на црквичките користам различни материјали како што се: цигли, камен, мермер, гранит, оникс, додека за оние кои се со фасади користам материјали за изработка на фасади.

H: Што друго изработувате, освен цркви?

Освен црквичките т.е. параклисите се занимавам и со изработка на тревници, фонтани, фурни, скари, украсни бунарчиња, летниковци, лулашки, со оформување и обликување на зимзелените садници во различни форми и сетоа она што го опфаќа уредувањето на дворот.

H: Дали има посебни барања од клиенти или пак Вие им давате предлог?

Има клиенти кои веќе имаат замислени идеи и само сакаат да се изреализира, но има и такви кои што оставаат се комплетно на мене или се консултираат, бидејќи сепак делото останува за нив.

H: Како изгледа процесот на изработка, колку време Ви е потребно?

Процесот на изработка зависи од тоа што се бара од мене, но за било што ништо не трае повеќе од 10 дена, а како изгледа процесот зависи од тежината на нештата кои се бараат да бидат изработени. Некаде е сложено, некогаш пак се завршува многу лесно и брзо.

H: Најчесто работите сами или пак имате потреба од дополнителна помош?

Претежно делата ги изработувам сам, затоа што црквичките, бунарчињата и оние помали работи нема место за работа за повеќе од еден.

H: Што е специфично кај ваквиот начин на изработка на делата?

Специфично е тоа што бара многу трпение, смиреност, јаки нерви бидејќи понекогаш не оди се како што треба или пак како што јас сакам и сум замислил.

H: Дали е потребна претходна подготовка или познавање на материјалот?

За се треба претходна подготовка, како за материјалите така и за алатите кои треба да ги користам.

H: Се сеќавате ли на првата изработка, дали ја чувате?

Да, се сеќавам на се и секојдневно ги гледам бидејќи првите изработки се наоѓаат во мојот двор и ми се најдраги бидејќи се тргнало од нив.

H: Каде можат луѓето да ги погледнат Вашите дела, да се запознаат повеќе со нив?

Па насекаде низ Македонија може да се погледнат, а и надвор од границите на нашата држава каде што имам работено за овие 13 години.

Како што споменав претходно, се што имам прво изработено е кај мене во двор во населбата Радишани, па слободно кој сака може да погледне или пак на Facebook профилите: Фонтани- Тревници Црквички и Fontani-Trevnici Crkvicki кои ги користам за таа намена.

На крај би сакал да Ви се заблагодарам за Вашата заинтересираност за мојата работа и за одвоениот простор на Вашиот портал.

Подготви: Билјана Настеска – Каланоска

Фото: Приватна архива

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

Хероините кои го променија светот

Следен пост

“Во животот може да имате сè. Но не можете наеднаш во ист момент“- Опра Винфри

Следен пост

“Во животот може да имате сè. Но не можете наеднаш во ист момент“- Опра Винфри

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.