Опра Винфри е една од најмоќните жени во светот и не само тоа. Оваа жена е на листата на највлијателни луѓе кои некогаш живееле. Со салдо близу 3 милјарди долари, таа е едно од двете имиња со афроамериканско потекло кое е милјардер (другото име на листата е Мајкл Џордан). Поранешната кралица на телевизијата реши да сподели дел од искуството и мудроста која ја доби во текот на кариерата. Емпатичноста што ја поседува, велат луѓето е тоа што ја прави посебна и пристапна за останатиот свет. За тие кои веруваат во човечноста на Опра, во продолжение следуваат нејзини животни лекции:
Бидете благодарни за тоа што го имате; така ќе имате уште повеќе. Ако се концентрирате на тоа што го немате, никогаш ништо нема да ви биде доволно.
Знам со сигурнст дека начинот на кој живееме ни ја претставува во целост личноста која ја поседуваме.
Учете од секоја грешка, бидејќи секое искуство, посебно она од грешките, е со цел да не научи и да не натера да станеме поголема личност одошто сме
Во животот може да имате сè. Но не можете наеднаш во ист момент.
Ако некој од пријателите постојано ве разочарува да знаете дека голем дел од вината лежи во вас. Ако некоја личност има тенденција да биде себична и го прави тоа на редовна база во тој случај мора да бидете способни да го препознаете истото и да се оддалечите од таа личност.Луѓето не се менуваат.
Најголемото достигнување на човекот е тоа што може да си ја промени иднината ако прво си го смени ставот
Пасијата е вашето гориво. Почувстувајте ја моќта која доаѓа од тоа што ве возбудува.
Бидете опкружени само со луѓе кои прават да се чувстувате посебно, покрај кои мислите дека можете да се вивнете во облаците
Јас се уште стојам цврсто на земја. Разликата е во тоа што сега едниствено носам подобри чевли.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.